Вујовиќ: Вардар со европската титула го спаси ракометот во Македонија!

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ го привлече вниманието на јавноста со неговото интервју за босански медиум во кое ги пофали „црвено-црните“.

Вујовиќ вели дека Вардар го спасил македонскиот ракомет со освојувањето на титулата во Лигата на шампиони.

„Може ние за сè да зборуваме хипотетички. Воодушевен сум од тоа што може да се случи во спортот. Сега слушаме приказна за тоа дека играчи не добиле плата од три, шест, па и 21 месец, но без разлика на тоа, тие направија посебна хемија во екипата. Тоа го спаси ракометот во Македонија. Ако Вардар не ја освоеше титулата, којзнае што ќе се случеше. Се појавија нови спонзори, Владата реагираше, а тоа значи дека има позитивен ефект. Вардар е македонски бренд“, вели Вујовиќ.