Вујо за Гурбиндо: Кој го нема, без него се мора!

Вардар во среда ќе игра против Мешков Брест во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот на македонскиот првак Веселин Вујовиќ зборуваше за Едуардо Гурбиндо кој ги напушта „црвено-црните“, иако се очекуваше да биде големо засилување.

Гурбиндо вчера за шпанските медиуми кажа дека во Вардар му бил претставен еден проект, но откако пристигнал во Скопје не го пронашол тоа што му било ветувано, а исто така се скарал и со тренерот Вујовиќ.

„За нас сето тоа беше изненадување. Ние уште од првиот ден го пречекавме до еуфорија, тој е еден класа играч и сигурно ќе недостасува, меѓутоа повеќе во одбрана отколку во нападот. Ги имаме тука Њокас и Моралес кои можат да дадат повеќе во напад. Сигурно ќе недостасува Гурбиндо, но кој го нема без него се мора“, вели Вујовиќ.