Гурбиндо заминува од Вардар, ја спукал со Вујо!?

Турбуленциите во македонскиот ракомет во предвечерјето на новата сезона достигнаа ново ниво со неофицијалното заминување на Едуардо Гурбиндо од редовите на Вардар.

Шпекулациите стануваат посилни од час во час, а додека клубот или некој од инволвираните потврди, ќе важи дека шпанскиот десен бек си заминал поради несогласувања со клубот. Наводно, проблемот не бил од финансиска природа, туку се скарал со предводникот, Веселин Вујовиќ.

Работата отишла дотаму, што ракометарот побарал излез и експресно се активирала комбинација, која ќе биде комплетирана до почетокот на сезоната во Лигата на шампионите. Гурбиндо да замине во Динамо Букурешт, згора на тоа за финансиски побогат договор, а Вардар веднаш да го надополни неговото отсуство со Кевин Њокас.

Тука влетува веста затрансферот на браќата Њокас од Металург во Вардар, кои, пак, си имаа свои несогласувања со клубот од Автокоманда. 

Гурбиндо дојде од Нант, но во Скопје пристигна среде подготовки, во август, поради неговиот настап на ОИ во Токио, така што престојот во Вардар му беше едвај еден месец.