„Вардарците“ Парондо, Криштопанс и Мораеш со овации пречекани во „Јане“ (ФОТО)

Вардар вечерва триумфираше со 32-30 против Мелсунген во шестото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ, а во СЦ „Јане Сандански“ со овации беа пречекани Рожерио Мораеш, Даинис Криштопанс и Роберто Парондо.

Парондо, Мораеш и Криштопанс беа дел од славните денови на Вардар кој ја освои втората европска титула во сезоната 2018/19, откако во финалето славеа против Веспрем.

Навивачите не ги заборавија луѓето кои ја донесоа европската круна во Скопје, па на истите им беа поделени и награди.