Во Чаир се игра турнир во чест на независноста на Албанија – главно е знамето на УЧК (ФОТО)
Екипата на Чаир 2030 е домаќин на овој сеалбански собир во салата „Шабан Трстена“ на кој настапуваат уште и косовските екипи на Приштина, Јили и на Влазними. Лидерот на табелата во македонското првенство загуби во полуфиналната пресметка против Влазними, па утре ќе игра за пласман на 3. место против поразениот од вториот полуфинален дуел на Приштина и Јили.
Тоа што „удира во очи“ од овој турнир е кореографијата на трибините, каде што доминира албанското знаме, кое буквално го има насекаде и во сите форми, додека само едно македонско знаме закачено на ѕид ги „брани“ боите на земјата домаќин на овој настап. На централно место во салата, пак и овој пат се најде знамето на УЧК (Ослободителна војска на Косово), поради кое чаирчани редовно се казнувани од КФМ и поради кое има напомена дека треба да се прекинуваат натпреварите се додека не се тргне од салата.