Манчестер сити прокоцка победа, Баерн Минхен со еден гол го реши ПСЖ (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште седум натпревари од 21 часот во Лигата на шампиони (ЛШ), при што беа постигнати дури 29 голови, при што најголемата победа ја имаше Аталанта против Јанг Бојс од 6-1, додека Арсенал со 5-1 го прегази Спортинг, а Баер Леверкузен со 5-0 го потопи Салцбург.

Дербито меѓу Баерн Минхен и ПСЖ на „Алијанц Арена“ беше решено со само еден погодок, и тоа на Ким Мин-Јае во 38. минута од средбата, додека во вториот дел Осман Дембеле доби црвен картон, по што гостите останаа без шанси за да избегнат пораз.

Манчестер сити прокоцка водство од три гола против Феенорд, иако делуваше на моменти дека лесно ќе го добие дуелот. „Граѓаните“ со два гола на Ерлинг Халанд и еден на Гундоган до 53. минута имаа предност од 3-0, но потоа следеа шокантни 15 минути за англискиот шампион. Муса, Хименез и Ханцко погодија и му обезбедија бод на Феенорд.

Барселона оствари лесна победа против Брест, откако два гола постигна полскиот голгетер Роберт Левандовски, а во листата на стрелци се запиша и Дани Олмо.

Резултати:

Барселона – Брест 3-0
Баер Леверкузен – Салцбург 5-0
Баерн Минхен – ПСЖ 1-0
Интер – Лајпциг 1-0
Манчестер сити – Феенорд 3-3
Спортинг – Арсенал 1-5
Јанг Бојс – Аталанта 1-6