Кошмарот на Пеп продолжува: Манчестер сити шест меча по ред е без победа!

Англискиот шампион Манчестер сити минува низ најголемата резултатска криза по доаѓањето на Пеп Гвардиола на кормилото на гигантот, а тимот веќе не знае за победа на шест натпревари по ред.

„Граѓаните“ во истиот период запишаа дури пет порази, и тоа од Тотнем (1-2 и 0-4), Бормут (1-2; Спортинг (1-4), Брајтон (1-2), како и едно реми против Феенорд (3-3).

За да биде уште поболно за Гвардиола, Манчестер сити имаше водство од 3-0 до 75. минута против екипата од Холандија, но потоа Феенорд се разбуди и постигна три гола (3-3).

Премиерлигашот притоа постави негативен рекорд во елитното натпреварување затоа што стана прв клуб во историјата кој прокоцкал победа, иако водел со 3-0 до 75. минута од дуелот.