Вардар со триумф против Мелсунген се збогува од Европа (ФОТО)
Мелсунген имаше подобар почеток и водство од 3-1 во СЦ „Јане Сандански“, но Вардар го возврати ударот и набрзо го сврте резултатот во своја корист (4-3). Големата борба продолжи и во следните минути, па на полувреме се замина со нерешен резултат (17-17).
До средината на второто полувреме се играше гол за гол, а конечно македонскиот тим го скрши отпорот на Мелсунген и поведе со 25-230. Двете екипи понудија возбудлив ракомет и во следните минути, а на крајот триумфира Вардар со 32-30.
Најефикасен во македонскиот тим беше Ларс Коиј со осум голови, додека Младен Крсманчиќ постигна шест погодоци. Одличен меѓу стативите беше и голманот Мигел Еспиња кој запиша 15 одбрани.
Вардар заврши на третото место во групата Ф со пет освоени бодови, додека пред него се Порто со седум и Мелсунген со 10 поени, а последен е Валур со само два бода.