Вардарци го избегнаа најтешкото: Против Монпелје во полуфиналето!

Вардар ќе продолжи да ја брани европската круна против екипата на Монпелје, пресуди денешната ждрепка во Келн.

Монпелје е предизвикувач на европските шампиони во полуфиналето од Ф4-турнирот, што значи дека Вардар го избегна најтешкиот противник, барем на хартија, францускиот првак ПСЖ.

Монпелје е дебитант на Ф4-турнирите, исто како и Нант, меѓутоа тоа е првата екипа која успеа да стигне до завршниот турнир почнувајќи од, условно, послабите групи Ц и Д. Монпелје беше противник на Металург во групата Д, таму заврши прв, го мина плејофот против Адемар Леон, а потоа елиминираше два европски шампиона од последните четири години, Барселона, па Фленсбург.

Вардар играше со Монпелје во групната фаза во 2015/16 сезона и победи двапати. Турнирот во Келн се игра на 26 и 27 мај.