Вардар со најсилен состав го напаѓа Монпелје - се враќаат Малус и Хориха! (ФОТО)

Македонскиот суперлигаш Вардар вечерва ќе се соочи против Монпелје во реваншот од четвртфиналето во Европската лига на ЕХФ, а тренерот Иван Чупиќ на располагање ќе ги има и Дмитро Хориха и Јака Малус.

Хориха и Малус беа надвор од конкуренција за настап на претходниот дуел, кој Вардар го загуби со 10 голови разлика (23-33), но овие двајца ракометари ќе треба да им помогнат на останатите соиграчи во (не)возможната мисија.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 20.45 часот.