Вардар почна да продава билети за Келн - по иста цена како и лани!
Само за блок-влезниците за двата дена во „Ланксес арената“ фановите ќе треба да издвојат по 18.300 денари (300 евра), што е за 1.000 денари поскапо од понудата која беше минатата година. Дури и местото во салата е исто односно навивачите на Вардар, кој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Барселона (во второто ќе играат Кјелце и Веспрем), ќе купуваат билети за блокот 218 за да може групно и во што е можно поголема бројка да ги бодрат своите миленици.
Билетите, барем од контигентот кој го продава Вардар, ќе може да се купат во фан-шопот на клубот што се наоѓа во склоп на арената „Јане Сандански“, како и онлајн на следниот линк. Секако, ако може да издвоите само за оваа ставка сума еднаква речиси на просечна македонска плата.