Вардар е втор најуспешен клуб во Европа за минатата сезона

Македонскиот првак Вардар се враќа во Лигата на шампионите по пауза од три години, а пласман во елитното натпреварување обезбеди по една од најуспешните сезони во своето постоење.

Рангирањето вели дека „црвено-црните“ се седми најуспешен клуб во Европа по бројот на остварени победи, со 41. Ако се земе предвид Вардар е на второто место по остварени триумфи во сите натпреварувања, со 87,23% по што само Барселона е пред него, со 98,31%. Зад себе Вардар остава гиганти како Магдебург, Фуксе, Веспрем итн,

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by datahandball (@datahandball)

 

Во целата сезона, Вардар претрпе само шест порази (седум ако се смета и Суперкупот на Македонија), од кои два во домашното првенство и четири во Европската лига каде стигна до четвртфиналето.

Сезоната ја заврши со двојна круна и претстојната кампања ќе се обиде да направи уште еден подвиг во Лигата на шампионите каде триумфираше во 2017 и 2019 година.