
Турција го прегази Луксембург, Литванија без мака ја реши Грузија
Турција уште во првото полувреме го реши прашањето за победникот, откако го доби со 17-8, по што во вториот дел продолжи со сигурна игра и славеше со 31-20.
Шевкет Јагмуроглу со седум голови беше најефикасен во победничкиот тим, додека Јосип Илиќ постигна пет погодоци за Луксембург.
Литванија со 35-27 беше подобра од Грузија, а дури 11 погодоци постигна Гердас Барбарскас.