
Толку од Пелистер: Македонскиот првак елиминиран од Лигата на шампионите
По вчерашниот триумф на Висла Плоцк, нашиот претставник вечерва загуби на гостувањето кај Фуксе со 29-39 и повеќе нема можност да се најде меѓу 12. екипи што продолжуваат понатаму. Дури и со победа над ПСЖ во последното коло и евентуални порази на Висла и Динамо Букурешт, Пелистер нема да продолжи затоа што има полош биланс во меѓусебните дуели со овие две екипи.
Една од главните причини за вечерашниот прораз на Пелистер беше одличниот старт на мечот на Фуксе. По десет минути игра, на семафорот стоеше 7-1 за домашниот тим што беше жшок за македонскиот тим. Пелистер потоа постигна три гола по ред, на полувреме беше 15-12 за домаќините, а во второто полувреме битолчани се доближија на само два гола негатива (16-18, 17-19 и 18-20), но тоа не беше доволно за триумф или макар драма во финишот. Фуксе постапно го зголемуваше водството, па на крајот победи со 10 разлика што е премногу во однос на она што се случуваше на теренот.
Филип Кузмановски повторно беше најефикасен во тимот на Пелистер, со седум гола, шест постигна Мамдух, а по четири Борзаш и Павле Атанасијевиќ. Одличен на голот беше Филип Ивиќ кој имаше девет одбрани. По девет гола во тимот на Фуксе постигнаа Лангхоф и Гидсел.