Кошмар на Милан во Болоња: „Росонерите“ сѐ подалеку од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Екипата на Милан го доживеа вториот пораз по ред откако вечерва загуби на гостувањето кај Болоња со 1-2.

„Росонерите“ загубија и покрај тоа што по првото полувреме водеа со 1-0, благодарение на голот на Рафаел Леао во 43. минута. Тукушто почна вториот дел, Болоња израмни преку Кастро, а во 82. минута Ндоје се погрижи за целосен пресврт и три бода за домашната екипа.

 

 

Со оваа победа, Болоња се искачи на шестото место на табелата во Серија А со 44 бода, додека Милан падна на осмата позиција и е се подалеку од пласман во Лигата на шампионите.