Почина еден од најдобрите шахисти во историјата

Борис Спаски, познатиот руски шахиста и велемајстор, почина на 88-годишна возраст.

Спаски беше еден од најдобрите шахисти во историја, а посебно беше познат по „мечот на векот“ кој го одигра во 1972 година против Боби Фишер.

Во својата кариера Спаски освои десет светски титули и зад себе остави големо наследство.

„Си замина голема личност, а неговите партии учеа и уште ичат генерации шахисти. Голема загуба за нашата земја“, изјави претседателот Шаховската федерација на Русијам Андреј Филатов.