Синер исфрлен од изборот за спортист на годината!

„Лауреус“ фондацијата донесе одлука да го исфрли Јаник Синер од листата кандидати за престижното признание спортист на годината кое тие го доделуваат.

Причината поради која Синер нема да има можност да го освои ова признание е суспензијата од три месеци која ја доби италијанскиот тенисер.

Шон Фицпатрик, директор на фондацијата ја објасни позадината на оваа одлука.

„По разговор со Лауреус академјата, одлучено е кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината да биде повлечена. Го следевме неговиот случај  и сметаме дека суспензијата од три месеци ја прави неговата кандидатура невозможна. Јаник и неговиот тим се веќе информирани“, објасни Фицпатрик.