
Шортс го предводеше Париз до важна победа, четири поени на Димитријевиќ
Париз на домашен терен го победи директниот ривал за пласман во плејофот Баерн со 93-88 и застана на четвртото место на табелата во Евролигата. Шортс на теренот помина нешто повеќе од 27 минути и за тој период постигна 27 поени со 3 скока и 3 асистенции.
Вториот македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ немаше толку забележителна улога во тимот на Олимпија Милано, но најважно е дека италијанскиот првак на домашен терен го совлада Монако со 86-80 и остана во игра за пласман во плејофот. Димитријевиќ играше безмалку 12 минути и постигна 4 поени, 4 асистенции и 2 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Црвена Звезда - Жалгирис 80-86
Олимпија Милано - Монако 86-80
Париз - Баерн 93-88
Реал - Барселона 96-91
Макаби - Фенербахче 94-76