Талески се „распука“ за Бенфика - ѝ даде седум гола на Виторија

Поранешниот ракометар на Вардар и актуелен македонски репрезентативец Филип Талески го одигра најдобриот меч за Бенфика сезонава.

Бенфика славеше со убедливи 35-19 против Виторија, а Талески беше одличен на теренот со седум голови од девет удари кон противничкиот гол.

Екипата од Лисабон досега има четири победи, едно реми и еден пораз во првенството на Португалија.

Талески заедно со Бенфика во следното коло ќе игра против Порто на македонскиот голман Никола Митревски.