Стоилов: Лани вака победивме, сега ни се врати!

Капитенот на македонскиот ракометен првак Вардар, Столе Стоилов изјави дека Вардар денеска пропуштил голема шанса, но призна дека спортот е ваков затоа што црвено-црните лани до европската круна стигнаа со два гола во финишот.

Монпеље го детронизираше европскиот првак со победата со 28-27 со гол на 18 секунди до крајот.

„Не се чувствувавме добро на теренот, немавме одговор на нивната агресивна игра. Имавме ние своја шанса, но тие имаа и среќа. И на крај – ова е спорт. Лани ние вака победивме, сега ни се врати. Како одиграа, Монпеље заслужи да игра финале“, рече Стоилов по мечот.

„Сите викаа дека ќе играме финале со ПСЖ, јас велев ова е фајнлфор, нема фаворити и ете двата аутсајдери кои беа посочени ќе играат финале. Кој има поголем мотив, кој има повеќе среќа, кој ќе одигра максимално – оди понатаму“, додава Стоилов.