Стоилов е цар: Имав чувство дека ќе добиеме француска екипа

Вардар го доби Монпелје за противник во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн. Веднаш по ждрепката изјава даде и капитенот на „црвено-црните“ Стојанче Стоилов. 

Како и повеќето негови изјави, така и оваа беше епска, па веднаш се пошегува и ги насмеа сите присутни на ждрепката во Келн.

„Имав некое чудно чувство дека ќе добиеме француски тим, не знам зошто“, се пошегува капитенот на европскиот првак. „Минатата година бевме утсајдери и беше прекрасно, но сега го браниме трофејот и ситуацијата е малку поинаква. Имаме привилегија и мораме да го браниме трофејот. Искрено пред ждрепката немав посебна желба, сите кои се тука имаат 25 отсто шанси да триумфираат на крајот. Реално сите тимови имаат шанса за трофејот“, изјави Стоилов.

Второто полуфинале е помеѓу Нант на Кире Лазаров и ПСЖ.