„Ел Команданте“ оди во ПСЖ и станува најскапиот тренер во историјата!

Шпанскиот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, кој воедно е и селектор на Македонија, по крајот на оваа сезона го превзема кормилото на најбогатиот клуб во светот - француски ПСЖ.

Тоа што се шпекулираше сиве овие денови, денеска доби своја официјална потврда и во Франција. Гонзалес ќе го преземе ПСЖ на 1 јули 2018 година и ќе биде на клупата на парискиот тим во наредните три сезони. Неофицијално, Гонзалес ќе стане најскапиот тренер во историјата на ракометот, со годишна плата од речиси милион евра.

Гонзалес во ПСЖ ќе го замени искусниот Звонимир Сердарушиќ чив договор завршува на крајот на сезоната.

Раул дојде во Вардар во 2014 година и целосно го препороди црвено-црниот клуб - неговата неколкугодишна работа вроди со плод во јуни годинава кога во Скопје ја донесе европската титула. 

Во мај годинава Раул Гонзалес беше назначен за селектор на репрезентацијата на Македонија, функција која според договорот со РФМ треба да ја има до 2020 година.