Новиот бисер на Баерн за четири месеци си ја качи вредноста за три пати

Во годината кога од клубот си замина Томас Милер, Баерн промовираше нов голем талент кој би можел да ја повтори кариерата на славната 13-ка во баварскиот гигант.

Ленарт Карл, 17-годишниот полушпиц блесна последните месеци и му стана вистинска конкуренција на Хари Кејн, постигнувајќи неколку важни голови. Младиот фудбалер ќе стане полнолетен дури во февруари, но во меѓувреме значително си ја зголеми својата фудбалска вредност. Пред почетокот на нова сезона, тој вредеше 20 милиони, а по најновата анализа на Трансфермаркт, сега вредноста му изнесува 60 милиони евра.

Со таа сума, Карл е убедливо најскап 17-годишник на планетата, пред Ибрахим Мбае од ПСЖ кој се проценува на 25 милиони и Хонест Аханор од Аталанта со 20 милиони евра.