Србија беше извлечена во група со Косово - следуваше корекција! (ВИДЕО)

За време на ждрепката за ракометните квалификации за Европското првенство се случи непријатен момент, Србија се падна во група со Косово, по што мораше да биде направена промена.

Во текот на денешната ждрепка за квалификациите за Европското првенство, Србија најпрво беше извлечена во група со Украина и Косово.

Но, од политички причини не е можно овие две селекции да играат меѓусебе, па ждребот за Србија мораше да се повтори.

Моментот на видеото почнува од 33:40.