
Сите се вратија, освен Горбок: Вардар, речиси, комплетен против Кјелце!
Криштопанс беше последниот што влезе на болничката листа, кога си го свитка скочниот зглоб на натпреварот со Војводина од СЕХА-лигата, во понеделникот, но уште истата вечер снимките покажале дека нема ништо скршено и се очекуваше да игра. Горпишин и Атман не настапија и на последната средба со Мешков Брест, но сега и тие смогнале сили, барем, да бидат на клупата, ако немаат некоја значајна минутажа.
Недостасува само Сергеј Горбок, кој исто така се повреди неодамна и, се разбира, Жозе Толедо, кој летово имаше операција на коленото, а за кого Едуард Кокшарев најави дека ќе биде подготвен да игра некаде на крајотна декември.