Шпанија со пресврт го освои златниот медал на Медитеранските игри

Шпанската ракометна репрезентација го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако во финалето го совлада Египет со 28-27.

Шпанските ракометари имаа водство на почетокот од мечот од три погодоци (6-3), меѓутоа како минуваше времето така Египет влезе во ритам и на полувреме замина со солидни 16-13.

Египет со добар старт избега на пет гола разлика (19-14), но потоа Шпанија со серија од 4-0 намали само на еден гол негатива (18-19), по што следеше неизвесен период во кој Шпанците стигнаа до израмнување 23-23, а потоа и до пресврт за 28-27.

Србија го освои бронзениот медал, откако претходно ја реши Македонија со 34-29.