Шанса за заборавените: Вардар ќе продава дополнителни билети за мечот со Кјелце!

Управата на актуелниот европски ракометен шампион Вардар ги информира сите спортски вљубеници дека во продажба е пуштен дополнителен контингент билети за утрешната дерби-пресметка со Кјелце (17.30 часот) во салата „Јане Сандански“.

Тие се за сектор стоење и ќе се продаваат по 150 денари, а ќе можат да се купат онлајн или на билетарницата пред салата во скопската населба Аеродром.