Вардаровата експедиција рано утринава го напушти Скопје, а во претпладневните часови веќе се смести во својата база во Келн во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампиони. 

Во добро расположение и облечени како манекени, „црвено-црните“ веќе се чувствуваат како дома. Во „Ланксес“ арената ќе имаат сериозна подршка во сабота, бидејќи навивачите се мобилизираа за Ф4 турнирот и веќе тргнаа кон Келн.

Вардар европскиот трон го брани во сабота во полуфиналето најпрво против Монпелје, додека второто полуфинале е ПСЖ против Нант.