Ремек дело за памтење: Голот на Нтанзи е трет најубав во колото од Лигата на Европа (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до убедлива победа во синоќешната пресметка против Гдањск во клучниот европски натпревар за останување во игра за следната фаза од Европската лига, а спектакуларниот погодок на Саду Нтанзи се најде во самиот врв на изборот за најубави голови во оваа рунда од Европската лига на ЕХФ.

Одличната полуконтра на битолскиот состав, завршена со мајсторска реализација на Нтанзи, го зазеде третото место на официјалната листа на најубави потези во колото, додека на првата позиција се пласираше погодокот на Огњен Цениќ од редовите на хрватскиот Нексе.

Во продолжение погледнете го велемајсторскиот потег на Нтанзи, како и целокупната Топ 5 листа со најубавите погодоци од ова коло во Европската лига на ЕХФ.