Прекрасна вест: Дисингер ќе игра на Ф4 во Келн!

Проблемите на Варар со повредени играчи оваа сезона, конечно, ќе добијат еден поубав развој. Кристијан Дисингер, очигледно, ќе биде подготвен да се врати во тимот по лошата повреда заработена во Брест, на завршниот турнир во СЕХА.

Кристијан Дисингер самиот вели дека ќе игра на Ф4-турнирот во СЕХА-лигата, на 1 и 2 јуни. На својот Инстаграм ги објави резултатите од ждрепката и со радост најави:

„Фајналорот може да дојде, едвај чекам да играм во Германија“.

 

Интересно, Дисингер ќе биде единствениот германски претставник на Ф4-турнирот кој се одржува во Германија, во ситуација кога веќе трета година по ред нема претставник од Бундеслигата.

Дисингер имаше грозна повреда на Ф4 во СЕХА-лигата, кога падна на левата рака, но резултатот беше само изместување, па не беше потребна операција. Овој негов пост на Инстаграм e прв официјален податок дека би бил рехабилитиран на време.

Во негово отсуство, Вардар, речиси постојано, играше без класичен лев бек, само со ветеранот Сергеј Горбок, кој ретко добиваше шанса.