Антифудбал под Тумбе Кафе - ништо спрема ништо во дуелот Пелистер - Вардар!
Во меч, кој што побрзо сите треба да го заборават, „црвено-црните“ јалово се заканија двапати во првото полувреме и тоа преку Николов и Кастањеда, но мрежите мируваат. Без никаква страст, агресивност или креација, првиот дел понуди само навивачко шоу на домашните Чкембари, а при крајот на стадионот пристигнаа и гостинските навивачи во изненадувачки мала бројка од триесетина ултраси.
Второто полувреме не понуди поинтересен фудбал, напротив, ова беше типичен антифудбал. Пелистер имаше фина замисла преку еден слободен удар по кој Ивановски постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Да не беше ударот на Матиќ во 95. минута, кој домашниот голман Јовчевсли го одбрани, немаше апсолутно ништо што треба да се запамети од овој натпревар.
Вардар останува лидер во Првата лига со 62 бодови, односно еден повеќе од Шкендија, додека Пелистер е на деветтата позиција со 26 бода, исто така еден бод над зоната за директно испаѓање.
Фото: FC Pelister Bitola