Нант го декласира ГОГ за пласман во четвртфинале на ЛШ

Ракометарите на Нант одиграа одличен реванш против ГОГ и триумфираа со 40-28 за пласман во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Нант беше разигран од самиот почеток, па во првото полувреме постигна дури 21 гол и практично го реши прашањето за победникот.

ГОГ не успеа да се врати во вториот дел од натпреварот, додека Нант продолжи да го полни нивниот гол до конечни 40-28.

Пласман во четвртфинале обезбеди и Пик Сегед кој ремизира против Кјелце (32-32), со што ја зачува предноста од три гола од првиот меч (26-23).