Атлетико Мадрид ја нокаутира Барселона, ПСЖ сигурен против Ливерпул (ВИДЕО)
Барселона беше подобар противник во првото полувреме и се закануваше кон голот на Хуан Мусо, но Атлетико успешно се бранеше од нападите. Проблемите за каталонскиот гигант почнаа со црвениот картон на Пау Кубарси во 44. минута, по што Хулијан Алварез постигна прекрасен гол од пенал.
Избраниците на Ханси Флик тргнаа по израмнување во вториот дел, а посебно внимание привлече контроверзен момент од 54. минута, кога Ле Норманд играше со рака во казнениот простор на Атлетико, но судијата не досуди пенал.
Одлична шанса промаши и Ламин Јамал, па казната пристигна во 70. минута кога Александер Сорлот ги постави конечните 2-0.
ПСЖ ја контролираше играта против Ливерпул и до водство стигна по само 11 минути кога Дуе постигна прекрасен гол, а шансите се зголемуваа како поминуваше времето. Сепак, домаќинот за вториот погодок мораше да чека до 65. минута кога Квича Кварацхелија стрелаше за 2-0.
Ливерпул не успеа да одговори и продолжи со мизерната игра до самиот крај на натпреварот, додека ПСЖ промаши уште неколку добри шанси за да го зголеми водството.
Реваншите на двата натпревари се закажани за шест дена, односно на 14 април.
Фото: Atletico Madrid/Facebook