Поранешниот „вардарец“ Мораеш потпиша за Бенфика

Рожерио Фереира Мораеш е нов ракометар на Бенфика. Бразилскиот интернационалец летово го раскина договорот со Веспрем по две сезони и веднаш најде нов ангажман. 

Пикерот блесна на европската ракометна сцена во дресот на Вардар во 2016 година. Тој учествуваше во освојувањето на двете титули во Лигата на шампиони 2017 и 2019 година.

Тој е стандарден бразилски репрезентативец, а кариерата во Европа ја почна во Кил, каде немаше голема минутажа.