По Миха Хансен во Алборг доаѓа и исландската ѕвезда Арон Палмарсон

Скандинавија има извонреден ракомет, Данска е актуелен светски првак, но на клупски план скандинавците одамна немаат клуб кој би можел да стигне до највредниот пехар Лигата на шампионите, но Алборг создава скандинавски дрим тим со кој во иднина би можел да ја освои Европа.

Откако го ангажираа најдобриот ракометар на денешницата Микел Хансен, првата данска ѕвезда и досегашен ракометар на Пари Сен Жермен, во Алборг доаѓа и најголемата ѕвезда од Исланд, Арон Палмарсон.

Палмарсон е ракометар на Барселона, кој имаше усмен договор за нова соработка со Каталонците, но му здодеало чекањето за сето тоа да се официјализира, па веќе се договорил со Алборг за тригодишна соработка и доаѓа во скандинавскиот дрим тим. Трансферот ќе биде потпишан на лето, а го најавија данските медиуми.

Инаку Алборг веќе го купи и Мартин Ларсен од Лајпциг, шведскиот пивот Јаспер Нилсен од Рајн Некар Левен, како и норвешкото десно крило Кристијан Бјорнсен од Вецлар.

Последен пат кога еден скандинавски клуб бил европски првак е од далечната 1959 година кога трофејот го освои Редбергслидс.