Пешевски го загуби дуелот со Кузмановски, Томовски одличен на голот на Лудвигсхафен

Македонските ракометари денеска имаа свои натпревари во германската Бундеслига, а Филип Кузмановски заедно со Магдебург славеше против Жарко Пешевски и Штутгарт. Мартин Томовски имаше одличен меч за Лудвигсхафен, но неговиот им загуби од Фленсбург со 26-29, додека Филип Миркуловски и Вецлар беа немоќни против Кил (26-30).

Македонскиот голман може да се пофали со одличен меч, во кој запиша осум одбрани против Фленсбург, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на неговата екипа.

Од друга страна, Кузмановски постигна еден гол во победата на Магдебург, додека Пешевски постигна три гола, но тие не беа доволноз а Штутгарт, кој загуби со 28-33.

Миркуловски немаше многу добар меч со Вецлар, откако не постигна ниту еден гол, а притоа загуби со 26-30 од Кил.