Парондо: Мечевите против Вардар ќе бидат најпосебни во мојата кариера!

Шпанскиот тренер, Роберто Гарсија Парондо кој со Вардар стана европски шампион, наскоро со неговиот Мелсунген ќе треба да се сретне со црвено-црните во Европската лига.

Вардар денеска против Валур ја почнува Европската лига, а во следното коло му гостува токму на германскиот тим, Мелсунген.

Парондо уште има големи емоции кон Вардар и вели дека тие натпревари против македонскиот тим ќе бидат најпосебни за него во неговата тренерска кариера.

„Кога играте во најдобрата лига во светот, во Бундеслигата, навистина е тешко да се квалификувате во Европската лига. Тоа беше долг пат, но се вративме“, вели Парондо за пласманот во ЕЛ.

„Тие мечеви против Вардар ќе бидат најпосебните во мојата кариера“, рече шпанскиот стратег.