„О’Жого“: Кинтана е во вештачка кома!

Искусниот голман на Порто, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар на тренингот на португалската екипа, по што мораше итно да биде префрлен во болница, каде што се следи неговата здравствена состојба.

Порто ја потврди информацијата дека колегата на македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски е во болница, а притоа порача дека ќе ја известува јавноста за состојбата на голманот.

Меѓутоа, весникот „O’Жого“ објави дека Кинтана е во сериозна состојба и во моментов е во вештачка кома, па будно ќе се следи неговото здравје во следните часови.