Охрид ја уништи Дукла и со една нога е во четвртфинале на Европскиот куп

Ракометарите на Охрид одиграа фантастичен натпревар против чешка Дукла Прага и триумфираа со 30-21 во првиот осминафинален меч во Европскиот Куп на ЕХФ.

Македонскиот суперлигаш го отвори натпреварот со серија од 6-0, по што ја задржа контролата до крајот на првите 30 минути (16-9).

Дукла не успеа да одговори во вториот дел, а тоа го искористи Охрид за да продолжи со доминацијата и да стигне до +13 (30-17). Сепак, македонската екипа на крајот славеше со 30-21.

Дарко Ѓукиќ беше најефикасен кај Охрид со осум голови, додека Анте Иванковиќ запиша седум погодоци. На спротивната страна, по четири гола имаа Мелик, Дуда и Војтела.

Реваншот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра на 21 февруари.