Митревски не успеа да го запре ППД Загреб, Дибиров постигна 10 гола

Порто го запиша третиот пораз во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), откако вечерва на гостувањето кај ППД Загреб загуби со 29-23, додека Веспрем беше подобар од Динамо Букурешт со 33-30.

Порто имаше водство само на стартот од дуелот (2-1), по што ППД Загреб ги презема работите во свои раце и по 20 минути игра стигна до предност од четири гола (13-9), но гостинскиот состав до полувреме намали на 15-16.

Гостите во вториот дел успеаа двапати да израмнат (18-18), но хрватскиот тим не дозволи изненадување и во финишот од дуелот влезе во одлична форма, па со две серии од 3-0 и 4-0 стигна до триумф од 29-23.

Најдобар во составот на ППД Загреб беше Тимур Дибиров со 10 гола, додека на спортивната страна неколку ракометари постигнаа по три гола, додека македонскиот голман Никола Митревски запиша осум интервенции.

Веспрем беше поуспешен на свој терен од Динамо Букурешт со 33-30, а најмногу голови во триумфот постигна Омар.