Митревски ја има втората најдобра одбрана на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски се најде во топ пет одбрани на листата на ЕХФ за 13. коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот голман имаше извонредна вечер и беше најзаслужен за победата на Порто над Целје.

Митревски мечот го заврши со 14 одбрани, 10 од нив беа во првото полувреме. А една од одбраните се најде на второто место на ЕХФ листата за најдобри одбрани на колото.

Најдобрите пет одбрани од ова коло можете да ги видите на овој ЛИНК.