Миркуловски не даде гол, ама обезбеди осминафинале со Вецлар

Македонскиот ракометар Филип Миркуловски заедно со Вецлар се пласираше во осминафиналето на германскиот Куп, откако на гостински терен триумфираше против Ајзенах со 29-25.

Миркуловски одигра добар натпревар, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Сепак, и покрај тоа Вецлар си обезбеди место во следната фаза.

Таму друштво ќе им прават и Фуксе Берлин, кој беше подобар од Хамбург со 29-28, Мелсунген го победи Битихајм со 30-28, а Кил го растури Оје со 38-26. А место во осминафинале има и за Ерланген, кој го порази Фленсбург со 29-26.