Металург ќе игра ЕХФ-куп во домот на Вардар!

Металург денеска потврди дека ќе игра во домот на Вардар, односно во СЦ „Јане Сандански“, откако пред неколку дена дозна нивни противник е Горење Велење од Словенија во рамки на третото квалификациско коло во ЕХФ-купот.

Словенечкот тим ќе биде домаќин на првиот меч во ЕХФ-купот на 16 октомври, а реваншот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ на 24 октомври во 18 часот.

Металург ќе се обиде да излезе како победник во двомечот и да обезбеди во групната фаза од ЕХФ-купот, која почнува на осми февруари идната година.