Манасков го покажа кошаркарскиот талент на тренингот на Веспрем (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и уште неколку ракометари на Веспрем ги почнаа тренинзите пред неколку дена, а утрово на социјалните мрежи беше објавено видео од тренингот на унгарскиот тим.

Манасков и неговите соиграчи заиграа кошарка, а нашиот репрезентативец покажа и дека има кошаркарски талент.