Македонец и во следните две години ќе командува со судиите во европскиот ракомет!

Македонскиот ракометен функционер, Драган Начевски и во следните две години ќе биде на чело на Судиската комисија во Европската ракометна федерација (ЕХФ), откако на состанокот на Извршниот одбор повторно ја доби довербата за извршување на оваа одговорна функција.

Неговиот мандат истекуваше годинава, но уште од сега е познато дека тој ќе продолжи да командува со судиите во европскиот ракомет најмалку до 2021 година.