Лош ден за Македонците: Пораз за Миркуловски и реми за Томовски во Бундеслигата

Македонските ракометари денеска беа во акција во германската Бундеслига, но немаа многу успех бидејќи Вецлар на Филип Миркуловски беше поразен од Есен со 26-30, додека Лудвигсхафен на Мартин Томовски одигра реми против Лајпциг (27-27).

Миркуловски постигна само еден гол од два удари кон голот на Есен, кој имаше водство на полувреме од 14-12, а на крајот триумфираше со 30-26.

Томовски денеска не блескаше на голот на Лудвигсхафен и запиша само две интеревенции од 12 удари кон неговиот гол.

Вецлар со денешниот пораз остана на деветтата позиција во Бундеслигата, додека Лудвигсхафен се израмни со Балинген и има по 24 бодови, а со тоа е блиску и до опстанок во лигата.