Лино Червар се збогува од Металург!
Червар за 6 октомври закажа прес-конференција во Хрватска, тој викенд Металург е на гостување во Запорожје (Украина), а хрватските медиуми веќе цела недела најавуваат дека „Маго ди Умаг“ повеќе нема да биде дел од тимот од Автокоманда.
„Знаеја дека ќе дојде до такво нешто кога ја презедов репрезентацијата. Уморен сум да кажувам дека е тешко, но морам да помогнам на мојата татковина каде израснав како тренер, затоа што својата кариера ја направив таму. Да не се одржуваше првенството во Хрватска можеби немаше да прифатам. Но, на моите луѓе не можев да им кажам не. Пратам се што се случува во клубот, имаме неколку тренери, гледам дека се работи. Во таква ситуација сум, каква што мора да биде. Немам 20 години, многу ми е тешко. Сакам да сум и тука, и таму. Но, не можам. Правам сѐ што можам. Благодарен сум за сѐ што ми даде Македонија“, рече Червар на денешната прес-конференција.
Тој се осврна и на иднината во Металург, потенцирајќи дека работи за доброто на македонскиот ракомет, но не пропушти шанса да посочи дека работи во многу тешки услови.
„Имаме иднина, мислам дека ѝ покажуваме на Македонија дека Металург работи за иднината. Јас би сакал да победуваме на секој меч, но не може да се победува на секој натпревар. Ќе има уште многу победи, но и многу порази. Оние кои ме разбираат што сакам и што правам, што ме пратат со мојата работа во Скопје, знаат дека јас работам за доброто на македонскиот ракомет. Сакам на сите да им дадеме сила да работат, да им дадеме поголеми услови. Не сакам да плачам, но живееме во многу тешки услови. Имаме само еден дрес, ако се искине, може да немаме да играме. Е, таква е ситуацијата. Горд сум што работам во таков клуб“, додаде Червар.
На крај честитки од него за победата до играчите, победа која ќе им ја набилда самодовербата.
„Честитки за моите играчи, со силна игра го приведоа мечот од крајот. Денес играа осум јуниори, тоа ниту една екипа во ЛШ нема. Минатиот пат кажав дека загубивме поради неискуството, но сега се покажа подобра игра. Кажав дека ние треба да имаме трпение. Во првиот дел бевме добри, во вториот дел губевме топки, но важно е што победивме. Навистина е важно да се работи, дури и ако сум отсустен. Одигравме многу паметно, посебно во првото полувреме. Апсолутно ја заслуживме победата која е важна за самодовербата“, заврши Червар.