„Ланксенс Арена“ се тресе од навивањето на Комити (ВИДЕО)

Навивачите на македонскиот ракометен првак Вардар ја зовреа атмосферата во „Ланксенс Арената“ во Келн само што влегоа за финалето против Веспрем, пеејќи песни црвено-црните.

„Тебе те сакаме, тебе те бодриме...“ одекнуваше во холот на арената во Келн како загревање за тоа што претстои – нова битка за европската слава. Нема сомнение дека навивачите ќе ги остават гласните жици, а ракометарите ќе се борат до последна капка пот за нов успех после историската 2017 година.