Кузмановски имаше четири асистенции и гол за Хановер, Миркуловски без погодок против Лемго

Македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Филип Миркуловски вечерва беа во акција во германската Бундеслига, а помладиот ракометар стигна до победа со Хановер против Кобург од 33-26, додека Вецлар загуби од Лемго со 21-27.

Кузмановски постигна само еден гол од еден шут за екипата на Хановер, но имаше и четири асистенции за неговите соиграчи, па така му помогна на својот тим да ја запише деветтата победа сезонава.

Миркуловски не постигна ниту еден гол за Вецлар, кој го запиша вториот пораз во последните три меча и така направи чекор назад во битката за позициите кои водат во Европската лига.