Комити грмат пред Ланксес: Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро... (ВИДЕО)

Големата победа на Вардар со епски пресврт против Барселона за второ финале во Лигата на шампионите ги турна во екстаза навивачите на црвено-црните, кои ја кренаа „ланксенс Арена“ во воздух.

Со „ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро...“ и скандирања „шампионе, шампионе“ грми пред Арената и бурно се слави големата победа во новата вардарова бајка во Келн. Навивачите кои ги оставија гласните жици на трибините во пеколното полуфинале, уште повеќе добија на сила за да урлаат од радост после големата победа.